МагазинНајново

Топол Антициклон од југ носи натпросечно топло време во Македонија

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна, сува  и релативно топла воздушна маса од југ, до крајот на неделава времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и со многу сонце. Денес и утре (четврток 26 февруари 2026) особено во Повардарието и во источните предели повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

И во Скопје  и околината до крајот на неделава ќе имаме стабилно и суво време со многу сонце а денес  и утре (четврток 26 февруари 2026) повремено ќе дува засилен ветер од северен и од северозападен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат над просекот за самиот крај на месец февруари и тие ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени а во Скопје  и околината температурата ќе се искачува до околу 14/15 степени. Наутро и понатаму ќе биде релативно ладно со температури кои ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 5 степени и на повеќе места во Македонија ќе има појава на слаб мраз, а преку денот времето ќе биде пролетно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons