Магазин

Нутриционистите ги споредија брокулата и карфиолот, еве кој е победник во исхраната

Иако и брокулата и карфиолот се многу здрав зеленчук, често се поставува прашањето кој од нив нуди повеќе хранливи придобивки.

И двата вида се со ниска калорична вредност, богати со растителни влакна, витамини и минерали, но деталната анализа покажува дека брокулата има мала предност во количината на клучни хранливи материи. Сепак, експертите се согласуваат дека вклучувањето на двете намирници во вашата исхрана е идеален избор.

Кога станува збор за витамини А, Ц и К, брокулата е победник. 100 грама брокула содржи 8 микрограми (mcg) витамин А, 91,3 милиграми (mg) витамин Ц и дури 102 микрограми витамин К. Карфиолот, во истата количина, не содржи витамин А, има 48,2 микрограми витамин Ц и 15,5 витамин К.

И покрај разликите, важно е да се нагласи дека и двата производи се исклучително корисни. Тие содржат антиоксиданти и глукозинолати, соединенија кои можат да помогнат во борбата против рак и хронични болести. Додека брокулата нуди повеќе хранливи материи, карфиолот е поразновиден и полесен за вклучување во различни оброци.

Нутритивниот состав на овој зеленчук може да варира во зависност од тоа како е подготвен. На пример, нивното варење во вода може да предизвика губење на повеќе од половина од нивните корисни соединенија. Затоа, се препорачува готвење на пареа за подобро зачувување на вредните хранливи материи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons