Стојаноска: Граѓаните на Маврово и Ростуше направија вистински избор, ВМРО-ДПМНЕ повторно го порази СДС
ВМРО-ДПМНЕ упатува искрена и голема благодарност до граѓаните на Маврово и Ростуше, кои испратија јасна, силна и недвосмислена порака дека Македонија заслужува подобар, посигурен и подостоинствен живот. Честитки до новиот градоначалник на Маврово и Ростуше, Онер Јакупоски.
Граѓаните направија вистински избор. Тие избраа стабилност, развој, просперитет и конкретни проекти. Изборниот исход уште еднаш потврдува дека довербата не се добива со празни зборови и лажни ветувања, туку се гради со работа, резултати и одговорност.
ВМРО-ДПМНЕ оствари убедливо најголема победа на локалните избори досега. Историски резултат кој ја потврдува силната поддршка од граѓаните ширум државата. Во таа насока, сакам да им честитам на сите избрани градоначалници во првиот и вториот круг на локалните избори 2025 година. Изборниот процес го завршуваме со освоени 56 градоначалнички места, наспроти само 6 на СДС.
Овие изборни резултати се јасен и недвосмислен пораз за опозицијата и нивните деструктивни, неуспешни и штетни политики. Граѓаните им свртеа грб затоа што не понудија решенија, туку блокади, конфликти и стагнација. Затоа нивната политика продолжува да тоне.
СДС падна на едвај 140 илјади гласови и денес е четврта политичка сила во Македонија. Тоа е директна последица на нереформите, немањето капацитет и визија, како и на криминалот и корупцијата од кои не се оградуваат. Кланот Дубаи, наградувањето на поранешни функционери наместо нивна одговорност и целосното отсуство на морал и политичка одговорност, ја донесоа оваа партија до историски пораз.
Поразени се и ДУИ, партија која не испорача ништо ниту за Албанците, ниту за Македонците во општините каде што раководеше. Наместо развој, оставија долгови, раскопани улици, нефункционални институции и хаос. Националистичката реторика повеќе не им поминува, а реформите никогаш не ги испорачаа. Затоа им порачуваме внимателно да ги слушнат пораките што граѓаните јасно и гласно ги испратија.
Почитувани граѓани,
Нашата обврска од денес е уште поголема. Со длабока почит кон секој даден глас, продолжуваме уште поодлучно, поодговорно и посветено да работиме за граѓаните, за развојот на општините, за напредокот на државата и за иднината што сите ја заслужуваме.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ



