Утрово ладно време имавме насекаде во Македонија со појава на слана и на мраз
Денешното утро во Македонија ни донесе ведро и ладно време со умерена локална облачност. Во дел од котлините имаше појава на магла и на значителна ниска облачност. Беше тивко и без ветер.

На табелата можете да ги видите температурите измерени ова утро до 7 часот по градови и места во Македонија и тоа на мерните станици на УХМР.
Поради ниските температури и ова утро во поголем дел од Македонија имаше појава на слана и на мраз.



