Македонија

Од 1 јануари ќе може дополнително да работат пензионерите, студентите и лицата во социјален ризик

Заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески, објави на „Фејсбук“ дека од 1 јануари стапува на сила нов Закон кој овозможува работно ангажирање на пензионери, студенти и лица во социјален ризик, без да се изгубат стекнатите социјални и здравствени придобивки.

„Од 1 јануари стапува на сила Законот за работно ангажирање со кој се овозможува дополнително да работат пензионерите, студентите и лицата во социјален ризик, а при тоа формално да бидат работно ангажирани без да ги изгубат стекнатите социјални и здравствени придобивки!“, објави Ристески.

Со оваа мерка се овозможува поголема вклученост на овие категории во пазарот на труд, при што се зачувуваат нивните права и социјални бенефиции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Show Buttons
Hide Buttons