ФОТО: Издадено „жолто“ ниво на предупредување од поплави – еве кои региони се потенцијално загрозени!
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) денеска повторно издаде жолто ниво на предупредување од поплави.
Предупредувањето е издадено поради постоење на потенцијална опасност од излевање на реките.
Исто така, предупредувањето покрај денешниот, важи и за утрешниот ден.
Инаку, УХМР имаше вакво предупредување имаше издадено и минатата недела за време на обилните дождови кои ја зафатија Македонија.




