Страшен судар во Мото 3 во Малезија, еден од возачите се бори за живот
Трката во Мото 3 во Малезија донесе страшен судар на загревањето, швајцарскиот мотоциклист Ноа Детвилер е во сериозна состојба, одредени извори пренесуваат младиот возач се бори за неговиот живот.
Денешната трка на ГН на Малезија во Сингапур донесе страшен судар во најниската класа – Мото 3.
Инцидентот неочекувано се случи на кругот за загревање, кога Хозе Антонио Руеда се заби во Ноа Детвилер, кој премногу бавно се движеше на ивицата од патеката помеѓу свиоците број 3 и 4.

Двајцата итно со хеликоптер беа пренесени во болница, Руеда поминал добро со фрактура на левата рака и голем број на модринки, но без сериозни проблеми на главата и градниот кош.
Но ситуацијата на Ноа Детвилер е прилично сериозна, одредени извори пренесуваат дека тој се бори за својот живот, изгубил многу крв и има повреди на нозете, белите дробови и слезината.
Од неговиот тим не сакаат да ги коментираат ваквите написи, само порачуваат дека на Ноа ќе треба да му бидат направени голем број операии и нагласуваат дека младото момче е голем борец.



