Манасиевски: Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точни, ако Мојсоска била сметководител на Левица тогаш тоа е противзаконски
Левица призна дека податоците кои излегоа во јавноста се точна, ако Мојсоска била сметководител на Левица тогаш тоа е противзаконски.
Вчера од Левица на прес-конференција, се излетаа и признаа дека информациите кои ги добивме од свиркачи во Левица, за средствата кои раководството си ги подигнувало од разни причини, се вистинити.
Сепак, денес сакаме да ја прашаме Мојсоска, која исто така се излета и изнесе информација дека била сметководител на Левица, дали знае дека доколку ја говори вистината, актот е противзаконски.
Имено, во Законот за пратеници јасно е наведено:
– Член 4: „Функцијата пратеник во Собранието се врши професионално.“
– Член 5: „Пратеникот нема право да врши други јавни функции или професии, кои согласно со закон се неспојливи со функцијата пратеник.“
– Член 9: „Функцијата пратеник е неспојлива со вршењето на дејности со профитна цел.“
Со тоа станува јасно дека Јована Мојсоска, како пратеник, не смеела да остварува профит и да врши сметководствени услуги за Левица.
Почитувани граѓани,
Додека на јавноста и се продаваат бајки за чесност, скромност и непоткупливост, зад завесата се инкасирале пари од партиската сметка, сметка која се полни директно од Буџетот на граѓаните.
Мојсоска како пратеник не смеела да остварува профит како сметководител на Левица.
Ова е вистината, од која Левица бега. Вакви луѓе како Мојсоска и Левица, не смеат да бидат дел од иднината и нема место за нив во политиката.
Мојсоска и Левица се прочитани.
Линк од видео материјал:
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ