Спорт

УЕФА го исфрла Израел од сите фудбалски натпреварувања

Европската фудбалска федерација (УЕФА) во вторник ќе гласа за евентуално исклучување на израелската репрезентација и клубови од меѓународните натпреварувања. Според израелските медиуми, големо мнозинство од членките е подготвено да ја поддржи таа одлука.

Фудбалот во Израел со страв го очекува исходот, бидејќи можното исфрлање од европските натпреварувања се поврзува со обвинувањата за геноцид во Газа. Како што пренесуваат израелските медиуми силен притисок за санкции доаѓа од Катар по последните политички настани и нападот врз Доха.

Израелската фудбалска федерација во меѓувреме вложува големи дипломатски и спортски напори да спречи гласање, бидејќи, според проценките, доколку дојде до тоа – исходот ќе биде неизбежен и Израел ќе биде исфрлен од европските натпреварувања.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons