Спорт

Барди постигна гол и беше најдобар на теренот во поразот на Коњаспор 

Македонскиот репрезентативец Енис Барди повторно се најде меѓу стрелците во турската Суперлига, откако вчера го постигна својот втор гол оваа сезона во натпреварот против Аланијаспор, Барди стрелаше во 51. минута, со што го донесе израмнувањето за својот тим.

Сепак, гостите од Аланија успеа повторно да поведат и со конечни 2-1 ѝ го нанесоа првиот сезонски пораз на екипата на Коња. И покрај поразот, капитенот на македонската репрезентација блескаше на теренот, добивајќи највисока оцена од сите играчи во својот тим.

По четири одиграни кола во шампионатот, Коњаспор има две победи, против Ејупспор и Газиантеп, како и едно реми со Гезтепе, со што досега има освоено вкупно седум бода.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons