МакедонијаНајновоПолитика

Манасиевски: Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт 

Заев, Шукова и СДС, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на тогашната власт.

Во програмата насловена како „Можеме’’ за парламентарните избори во 2020 година, СДС, Заев и Шукова ветија итна ремидијација на Вардариште.

На страна 228, од истоимената програма СДС, Заев и Шукова, ветуваа цитирам „Ќе помогнеме за итна ремидијација на поголем дел од дивите депонии, со приоритет на депонијата во Вардариште како и расчистување и рекултивација на локации со несоодветно отстранет отпад во урбаните и руралните подрачја.’’, а подолу во програмата на истата страна се вели и дека проектот е со финансиско портфолио од 42 милиони евра.

Дали СДС, Заев и Шукова знаат дека имаат ветено повторно доведување во природна состојба на дивата депонија Вардариште и прашуваме зошто овој проект не бил реализиран изминатите 4 години кога беа тие на власт? 

Зошто Шукова, како државен секретар и министер во Министерството за животна средина и просторно планирање, не го спровела овој проект за кој како што тие барем велат во програмата имаа обезбедено и финансиски средства? 

Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје дека ќе го решат проблемот со Вардариште, а сега Шукова како кандидат за градоначалник од редовите на СДС за Град Скопје, повторно го ветува истото?

СДС, Заев и Шукова, се луѓе на кои народот не им  верува и на минатите избори тоа јасно го кажа. Истото ќе се потврди и на овие локални избори на 19 октомври.

ВМРО-ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски со јасна визија, план и цел, ќе го решат овој проблем за граѓаните конечно да го добијат она што го заслужуваат, а тоа е почиста животна средина, почист воздух и намалување на бројот на дивите депонии.

Линк од видео материјал:
https://www.youtube.com/watch?v=WC1Qi9G6fIA

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons