Свет

Над 1.000 загинати во свлечиште во село во западен Судан 

Најмалку 1.000 луѓе загинаа во лизгање на земјиштето кое уништи село во областа на планините Мара во западен Судан, оставајќи само еден преживеан, соопшти Движењето – Армијата за ослободување на Судан.

Свлечиштето се случи на 31 август по неколкудневни обилни дождови, соопшти групата предводена од Абделвахид Мохамед Нур во соопштение, пренесува Си-Ен-Ен.

Движењето, кое ја контролира областа лоцирана во регионот Дарфур, апелираше до Обединетите нации и меѓународните агенции за помош да помогнат во пронаоѓањето на телата на жртвите, вклучувајќи мажи, жени и деца.

Бегајќи од беснеечката војна меѓу суданската армија и паравоените Сили за брза поддршка (RSF) во државата Северен Дарфур, жителите побараа засолниште во областа на планините Мара каде што храната и лековите we се недоволни.

Двегодишната граѓанска војна остави повеќе од половина од населението соочено со кризни нивоа на глад и протера милиони луѓе да ги напуштат своите домови, а главниот град на државата Северен Дарфур, Ал-Фашир, е под оган.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons