Актуелно

Забранети 250 нелегални онлајн приредувачи на игри на среќа во Македонија 

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска информира дека околу 250 онлајн приредувачи на игри на среќа кои немале извадено лиценца во Македонија се забранети.

Тоа е битка на нашата генерација и мора да се справиме со нелегалното приредување на онлајн игри на среќа. Особено загрозени се младите, кои често користат документи на своите родители за да играат нелегално. Тоа води до украдени пари, банкарски податоци и картички – рече Андоновски, одговарајќи на новинарско прашање во Свети Николе.

Министерот посочи дека процесот на затворање на нелегалните онлајн приредувачи е континуиран и секој месец се спроведуваат активности. Очекува до крајот на месецот да бидат забранети уште 50 такви приредувачи.

– На овој начин ги заштитуваме младите од „предатори на интернет“, чија цел е да ги украдат и злоупотребат податоците на граѓаните – истакна Андоновски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons