Јовановска освои бронза, трет медал за Македонија на Европскиот универзитетски шампионат во карате
Македонија обезбеди уште еден медал на Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови во карате во Варшава, Полска.
Вториот ден од Европската универзијада во Варшава, Викоторија Јовановска (Факултет за туризам и КК Макпетрол) освои бронзен медал, а Јована Мицовска (Свети Кирил и Методиј и Макпетрол) е петта, не успеа во обидите за финале и за бронза.
За жал, и Мила Панчева несреќно не го продолжи победничкиот од, бидејќи борбата со Романката Анисија Андреи заврши 0:0, па судиите го одлучија победникот.
Досегашниот биланс од успешните настапи е две финалиња, една бронза и две петти места за (Петар Заборски и Јована Мицовска).

Утре Ангела Мојсовска (Св Кирил и Методиј) и Љупче Михајлов (Гоце Делчев) ќе се борат за златни медали.
Резултати Европски универзитетски борбен шампионат – карате:
-55 кг
Рудина Алиу (Мајка Тереза) – Лусин Бас (Франција) 1-2
Мила Панчева (Гоце Делчев) – Ана Бидјук (Украина) 0-0
Мила Панчева – Селина Фабијан (Германија) 2-0
Мила Панчева – Анисија Андреи (Романија) 0-0
-61 кг
Викторија Јовановска – Талија Блејк (Велика Британија) 2-2
Викторија Јовановска – Михаела Малаута (Романија) 2-3
Репасаж
Викторија Јовановска – Матилде Саке (Франција) 7-1
За бронза
Викторија Јовановска – Лејла Топаловиќ (Австрија) 3-0
Јована Мицовска – Луиса Брет (Германија) 3-2
Јована Мицовска – Нурбаде Бубер (Турција) 3-1
Јована Мицовска – Наз Фатма Јенен (Турција) 2-6
За бронза
Јована Мицовска – Нина Раџеновиќ (Швајцарија) 0-7
Жени кумите тим „Свети Кирил и Методиј“
Македонија – Велика Британија (Универзитет од Нотингем) 2-1
Македонија – Косово (Универзитет Приштина) 1-2