Спорт

Барди се договорил со нов клуб, македонскиот капитен останува во Турција

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди и дефинитивно останува во Турција, а според медиумите од оваа земја ќе го носи дресот на Коњаспор.

Наводно зделката е договорена, Барди како слободен играч потпишува за Коњаспор.

Неговата годишна плата ќе биде околу 600.000-700.000 евра, но ќе има и бонус за потпис со кој примањата ќе му достигнат до милион евра.

Се очекува Барди во петок да биде во Коња и да го официјализира преминот во овој турски клуб.

Коњаспор го сакаше Барди и на полусезона, но тогаш Бодрум стигна до македонскиот репрезентативец.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons