Македонија

Петков изјави дека иднината на Македонија е во ЕУ, а ако падне Владата тоа не е негова одговорност

Решив дека иднината на Македонија и на Албанија мора да биде во ЕУ, тоа е добро за регионот, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков за романска телевизија. 

Петков по средбата со државниот секретар на САД, Блинкен, решил дека Македонија заедно со Албанија, сепак мора да биде во ЕУ, наспроти отворените прашања кои постојат на релација Скопје-Софија.

„Ако поради тоа падне Владата, тоа не е моја одговорност. Не можам да бидам одговорен за ништо во тој случај, а секако дека со Македонија имаме уште многу отворени прашања“, рече Петков во интервју за романска телевизија.Одлуката следува по средбата на Петков во Вашингтон со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, кој „ја нагласил важноста од брз пристап во ЕУ за квалификуваните аспиранти“, како што објави Стејт департментот. Останува да се види дали Бугарија ќе го тргне ветото и ќе дозволи Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons