Свет

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали за условите и спецификите на договорот.

Трамп изјави дека очекува наскоро да се постигне договор и со Индија, објави АП.

Министерот за трговија на САД Хауард Латник потврди дека договорот со Кина е потпишан претходно оваа недела, додавајќи дека договорот е „потпишан и запечатен“.

Латник изјави за Блумберг ТВ дека договорот е склучен два дена пред објавата на Трамп.

Договорот следува по првичните преговори во Женева на почетокот на мај, кога двете страни постигнаа договор за одложување на значителното зголемување на царините што можеа да доведат до замрзнување на трговските врски меѓу двете земји.

„Претседателот сака лично да склучува вакви договори. Тој е оној што ги потпишува договорите. Ќе имаме уште договори“, рече Латник.

Иако Кина не објави никакви нови договори, кинеското Министерство за трговија вчера изјави дека го забрзува одобрувањето на извозот на ретки земни елементи, клучни за производство на високотехнолошки уреди како што се електричните возила.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons