Нестабилно време во Македонија со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – се огласи и УХМР
Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер,грмежи и наместа појава на град има во регионот на Македонски Брод и Кичево, југозападно од Тополчани и во Кривопаланечкиот регион.
Претходно УХМР објави за невреме имаше западно од Скопје, кон Тетово и Гостивар. Радарската слика покажува активна атмосферска ситуација над западниот и централниот дел на Македонија, со присуство на силни врнежи, грмежи и наместа можна појава на град.