Taблички во боја за службените возила
До крајот на летото сите службени возила ќе бидат обележани со регистарски таблички во боја. Граѓаните ќе имаат увид во регистарот на возила и полесно ќе ги препознаваат автомобилите во кои се возат функционерите.
На овој начин полесно ќе се препознае евентуална злоупотреба на службените возила за приватни цели. Вицепремиерот за добро владеење во отчетот за една година мандат рече дека ја усвоиле стратегијата за финансиски истраги и конфискација на нелегално стекнатиот имот.
Предлог законот за правична и соодветна застапеност деновиве ќе биде испратен на мислење во Венецијанската комисија, а како координатор на процесот Фетаи рече се гордее што по 24 години конечно ќе биде исполнето ветувањето од Рамковниот договор.
Фетаи рече дека местото го наследил со разурнат, злоупотребен и корумпиран систем, потрошени 70 отсто од буџетот во првите пет месеци. Успеале за една година да направат конкретни чекори за враќање на довербата со формирање на меѓуресорско тело во бобра против корупцијата во кое за прв пат право на глас добиле и граѓанските здруженија.