Свет

Се запали брод со 3.000 возила во Пацификот, пожарот го предизвикал електричен автомобил 

Брод кој превезувал околу 3.000 автомобили за Мексико е напуштен среде Тихи Океан откако вчера на него избувнал пожар, пренесува Блумберг.

Чадот прво бил забележан на една од палубите на Морнинг Мидас, кој превезувал електрични возила, според соопштението на управителот на бродот, компанијата Зодијак маритајм. На бродот има околу 800 електрични возила.

Екипажот почнал со гаснење на пожарот, но пожарот не можел да се стави под контрола, се додава во соопштението за медиумите.

Американската крајбрежна стража ги евакуирала сите 22 члена на екипажот и ги префрлила на близок трговски брод. Крајбрежната стража претходно соопштила дека испраќа воздушни и морски екипи на бродот, каде што екипажот активно се бори со пожарот.

Компанијата Зодијак потврди дека се распоредени тимови за поддршка на операциите за спасување и гаснење пожари. Бродот испловил од кинеското пристаниште Јантаи на 26 мај.

Превозниците на автомобили транспортираат илјадници возила одеднаш преку светските океани.

Во последните години, имаше неколку големи пожари на бродови што превезуваат електрични возила, што предизвикува загриженост дека батериите во тие автомобили лесно би можеле да се запалат и да доведат до големи катастрофи.

Ваквите инциденти можат да имаат сериозни последици за производителите на автомобили и сопствениците на бродови, како и за нивните осигурувачи.

Пред три години, во 2022 година, брод што превезуваше околу 4.000 возила се запали во Атлантикот и на крајот потона и покрај напорите да се извлече на безбедно место.

Сопствениците на бродови преземаат и одредени мерки за да се обидат да управуваат со безбедносните ризици поврзани со транспортот на електрични возила. Минатата година, клучна организација за безбедност објави упатства за тоа како да се постапува при пожари на бродови.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons