Спорт

Роналдо заминува од Ал-Наср: Ова поглавје заврши 

Кристијано Роналдо нема да го продолжи договорот со Ал-Наср, неговата авантура во овој клуб е завршена, Португалецот го потврди тоа преку социјалните мрежи.

Брзо по последниот натпревар на Ал-Наср, Кристијано Роналдо со емотивна порака сподели дека нема да продолжи во овој клуб.

„Ова поглавје е завршено. Мојата историја сè уште се пишува. Благодарен сум на сите“,напиша Роналдо, оставајќи простор за шпекулации.

Роналдо неодамна го прослави својот 40. роденден. Се очекува тој да игра барем уште една сезона бидејќи сака да биде дел и од Светското првенство со Португалија кое ќе се одржи во 2026 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons