Од наредната сезона сите мечеви од колото во ПМФЛ ќе бидат пренесувани на ТВ
Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масер Омерагиќ потврди дека сите натпревари од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе бидат пренесувани на телевизија.
Сите шест натпревари во колото ќе ги има на ТВ, од нив три ќе бидат емитувани на Арена, а три на МТВ.
Ова ќе биде првпат сите натпревари од македонската лига да бидат пренесувани на телевизија.
Ваквиот потег треба да даде допринос за популаризација на македонскиот фудбал.