Шолц: Путин ги смета соседните земји за „руски двор“
Политиката на рускиот претседател Владимир Путин е империјалистичка и тој ги смета соседните земји за „руски двор“. Ова го вели германскиот канцелар Олаф Шолц. Тој изјави дека никој не може да претпостави дека Русија нема да нападне други земји со оглед на нејзиното кршење на меѓународното право во Украина, а Германија ќе ги поддржи Финска и Шведска доколку одлучат да се приклучат на НАТО, пишува Ројтерс.
Руската инвазија на Украина го наруши поредокот по Втората светска војна и ја принуди Европа да ја зајакне својата одбранбена стратегија, рече Шолц во изјава за медиумите, придружувани од премиерите на Шведска и Финска, Магдалена Андерсон и Сана Марин.
Откако Русија ја почна инвазијата на Украина, се споменуваше и можна дестабилизација на Молдавија, во делот каде живеат Руси.