Зголем бројот на издадени одобренија за градење
Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2024 година се издадени 363 одобренија за градење, што е за 11.7 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 469 616 илјади денари,
што е за 12.3 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 216 (59.5%) се наменети за објекти од високоградба, 75 (20.7%)
за објекти од нискоградба и 72 (19.8%) за објекти за реконструкција.