Потпишан најскапиот договор во историјата на спортот, 765 милиони долари за 15 години
Доминиканецот Хуан Сото договорил 15-годишен договор вреден 765 милиони долари, што е нов светски рекорд во историјата на спортот.
Сото годишно ќе заработува по 51 милион, а интересно е дека тој прави трансфер од Њујорк јенкис во лутиот градски ривал Њујорк метс.
Договорот на Сото со Метс има излезна клаузула по пет години и вклучува бонус за потпис од 75 милиони со кои би можел договорот да порасне и над 800 милиони.
Сото пристигна во САД во 2015 година, потпишувајќи со Вашингтон Нејшналс како 16-годишен, дебитирајќи во МЛБ три години подоцна, а потоа освои титула во својата втора сезона. Потоа прејде во Сан Диего падрес во август 2022 година. По само една сезона со Падрес, се пресели во редовите на Њујорк Јенкис, а од следната ќе игра за Метс, клуб кој има само две титули во МЛБ (последната пред 38 години), наспроти 27 на Јенките кои ги напушти.