НајновоСпорт

Македонија со два златни медали на Балканското првенство во бокс

Македонија успеа да се закити со два златни, еден сребрен и пет бронзени медали на Балканското првенство во Лозница, Србија.

Златни медали освоија Ален и Ружди Рустемовски. Ален Рустемовски во финалето го совлада Украинецот Денис Роздолски, додека Ружди Рустемовски беше подобар од домашниот боксер Стефан Чамовиќ.

Ардијан Рустемовски дојде до среброто откако во финалето загуби од Украинецот Зименко. 

Претходно со бронза дојдоа Ебуталип Агушев, Лука Трифуновиќ, Тарик Весели, Димитар Ѓорески и Енис Алиу.

Националаниот тим на Македонија на Балканското првенство го предводеа тренерите Владимир Цекиќ и Тархан Демиров додека во официјалната делегација на првенството беше судијата Стефан Цубалевски кој одлично се претстави на шампионатот.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons