Македонија

Со полициска значка “плаќал“ патарина

Кривична и дисциплинска постапка за службено лице кое со легитимација минувало рампи

Кривичната пријава е за злоупотреба на службената положба откако неколкупати поминал со своето приватно возило на наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати, злоупотребувајќи ја полициската „значка“. Пред неполн месец, полициската внатрешна контрола поднесе кривична пријава против 18 службени лица, за истото дело. “Иако станува збор за ситен криминал, мора да покажеме дека се бориме за сè што е значајно за граѓаните, дека мора секој да го почитува законот. Како може еден столар или некоја жена што работи во приватна установа да плаќа патарина така треба и другите – изјави министерот за внатершни работи

Полицијата поднесе кривична пријава на свој вработен, началник од станицата во Кочани, бидејќи ја поминувал патарината без да плати, поминувал само со покажување на полициската легитимација. Кривичната пријава е за злоупотреба на службената положба откако неколкупати поминал со своето приватно возило на наплатните станици Кадрифаково и Преод без да плати, злоупотребувајќи ја полициската „значка“.

Од МВР информираат дека во врска со случајот, од Јавното претпријатие „Државни патишта“ е доставен видеоматеријал од безбедносните камери на посочените наплатни станици, од кој се гледа како ја покажува полицискиот службеник легитимацијата.

– Пријавениот, вработен во МВР како началник на Отсекот за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Кочани – СВР Штип, на 11 јули годинава, во неколку наврати, поминувајќи ги наплатните станици Кадрифаково и Преод со своето приватно возило, на вработените во кабината им ја покажувал легитимацијата и ги поминувал наплатните станици – информираат од МВР.

Покрај кривична пријава, од полицијата најавуваат дека ќе се поведе и дисциплинска постапка, а во меѓувреме полицискиот службеник ќе биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за случајот рече дека е срамен чин и оти ќе бидат санкционирани сите службени лица што ќе се однесуваат против законот.

– Иако станува збор за ситен криминал, мора да покажеме дека се бориме за сè што е значајно за граѓаните, дека мора секој да го почитува законот. Како може еден столар или некоја жена што работи во приватна установа да плаќа патарина така треба и другите – изјави Тошковски прашан за сè почестите пријави за полицајци што не плаќаат патарина, злоупотребувајќи ја службата.

Пред неполн месец, полициската внатрешна контрола поднесе кривична пријава против 18 службени лица, односно дванаесет полициски службеници – припадници на Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, додека останатите шест се вработени како службени лица на наплатна рампа Романовце при ЈП за Државни патишта поради истото дело.

По преземени мерки било констатирано дека шест службени лица од патарината Романовце, со претходно изготвен список на регистарски таблички на приватни возила, им овозможиле на 12 полициски службеници премин без да се изврши наплата 959 пати во периодот од 01 јануари 2024 година до 15 август 2024 година, односно ја искористиле својата службена положба на полициски службеници и прибавиле материјална корист со неплаќање билет за премин на наплатна станица Романовце на автопатот Куманово – Миладиновци и обратно со своите приватни возила.

Одделот за внатрешна контрола, информираше дека согласно своите надлежности и овластувања, против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons