Започна доделувањето ваучери за инвертер клима-уреди за домаќинствата
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека започна процесот на доделување потврди-ваучери за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима-уреди.
Овие ваучери се наменети за домаќинствата кои ги исполнуваат критериумите на јавниот повик, објавен на веб-страницата на Министерството за економија на 1 февруари 2024 година.
Согласно Програмата за поттикнување на енергетската ефикасност во домаќинствата за 2024 година, се доделуваат над 6000 ваучери за инвертер клима-уреди. Списоците на избрани корисници, како и списоците на правни субјекти со кои Министерството има склучено договор за реализација на ваучерите, се објавени на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини https://www.ea.gov.mk/. Овие информации се јавни и достапни за сите заинтересирани.
Со цел појаснување на процесот отворете го овој линк https://www.ea.gov.mk/
Врз основа на одлука на:
- Комисијата за спроведување на активностите за избор на правни субјекти кои вршат трговија на високоефикасни инвертер клима уреди, со број 04-920;
СПИСОК НА ИЗБРАНИ ПРАВНИ СУБЈЕКТИ
- Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за категорија самец, со број 04-915;
СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РАНЛИВИ САМЕЦ
- Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со два члена, со број 04-916;
СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РАНЛИВИ ДВА ЧЛЕНА
- Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со три члена, со број 04-917;
СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РАНЛИВИ ТРИ ЧЛЕНА
- Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со четири члена, со број 04-918;
СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РАНЛИВИ ЧЕТИРИ ЧЛЕНА
- Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди за домаќинства со пет члена и повеќе, со број 04-919;
СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – РАНЛИВИ ПЕТ ЧЛЕНА И ПОВЕЌЕ
- Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди на домаќинствата за 2024 година од општините на Скопскиот регион, Источниот регион, Југоисточниот регион, Североисточниот регион, Вардарскиот регион и Полошкиот регион, со број 04-914; СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – НЕРАНЛИВИ 1
- Комисијата за спроведување на постапката за доделување потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди на домаќинствата за 2024 година од општините на Пелагонискиот регион и Југозападниот регион, со број 04-913; СПИСОК НА ИЗБРАНИ ФИЗИЧКИ ЛИЦА – НЕРАНЛИВИ 2
кои се избрани од Министерство за Економија, ги објавуваме списоците на добитници на потврда-ваучер за купување и вградување на високоефикасни инвертер клима уреди, како и на правни субјекти кои вршат трговија на високоефикасни инвертер клима уреди.
Сите подносители на барања кои ги нема на списоците се недобитни поради исцрпување на средствата предвидени за спроведување на овие програми, некомплетна документација, надминување на временски зададениот рок за поднесување на барање.
Напомена:
Датумот и локацијата за подигнување на ваучерите ќе биде објавена најдоцна до 06.11.2024 година на веб страната на Министерството за Енергетика, Рударство и Минерални суровини,