Актуелно

Зејтинот од Србија во продажба од понеделник 

Двата милиони литри масло за јадење за кое Србија даде дозвола да се увезе во Македонија ќе се најде во продажба во маркетите од понеделник, рече заменик-министерот за земјоделство Трајан Димковски во вестите на Телма.

– Пред два дена Србија ја повлече забраната, вчера е објавена во Службен весник. Зборуваме за трговски договори кои веќе нашите фирми ги имаат и цената зависи од партнерските субјекти. Она што ние реално го очекуваме е испораката да почне од понеделник кон фирмите што го имаат договорот. Маслото е веќе во шише и брзо ќе се најде во маркетите, рече Димковски.

Тој дополни дека берзата е многу непредвидлива кога станува збор за тоа кога ќе почнат да поевтинуваат цените, а рече и дека Владата веќе ги превземала максималните мерки.

– Ние сме во постојана комуникации на министерско и премиерско ниво со Србија, се разговара и за одобрување на нерафинирано масло, изјави Димковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons