Македонија

Фрлил две шок бомби, настанал пожар за малку избегната трагедија во Капиштец 

Околу 17 часот на улицата Козара во Капиштец, во центарот на Скопје, беше предизвикан пожар кој низ сувата трева и грмушките брзо се ширеше. Очевидци од околните згради велат дека се слушнал силен тресок од експлозиите и потоа се кренал чад и замирисало на изгорено. Биле повикани пожарникари.

На местото на пожарот набрзо пристигнал еден тим пожарникари со противпожарно возило и било спречено огнот да се прошири и врз дрвја, но и врз бројни објекти, поради што постоела опасност да бидат зафатени и тераси од згради.

Тие се сомневаат дека можеби станува за истите групи тинејџери кои неодамна го кршеа инвентарот на парковите во Капиштец, при што беа уништени бројни справи за игра на мали деца, клупи, патеки, канти за ѓубре и слично. Поради овие немили настани и поплаките од граѓаните, но и од самата Општина Центар како сопственик на инвентарот, полицијата започна со ноќни патроли и дневно обезбедување на местата каде се случувале овие инциденти.

Вистинското прашање е како се набавени овие бомби и дали некој ќе одговара за тоа како и за настанатата штета.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons