ПОСКАПЕЛЕ УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Дали одењето во ресторан стана луксуз?
Како што објави Државниот завод за статистика(ДЗС), угостителските услуги поскапеле. Тие во јули биле поскапи за 4,8 отсто во споредба со минатата година.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – јули 2024 година, во однос на истиотпериод од лани, е зголемен за 5,6 отсто, а споредено со декември 2023 година има зголемување од 2,4 отсто.
Цените на угостителските услуги во јули, во однос на јуни годинава, останале на исто ниво. Поскапеле пијалоците, храната, ноќевањата.