Актуелно

Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во козулатот во Битола

Хигиеничарка правела интервјуа за бугарско државјанство во нашиот конзулат во Битола, соопшти в.д. премиерот и министер за надворешни работи на Бугарија Димитар Главчев, пренесува БНР. По пријава за прекршоци во конзулатот, извршен е увид со кој е констатирана повреда од страна на вработената хигиеничарка, како и во однос на кол центарот кој закажувал за бугарско државјанство.

„Шефот на Генералниот конзулат во Битола и ја прекинал дејноста на Весна Котевска, хигиеничарката. По увид на Инспекторатот, вработената повеќе нема пристап до архивата и дејноста на конзуларната служба на претставништво“.

Ова не е единствената повреда констатирана при увидот. Главчев пријавил и за телефонски центар што го одржувала македонска компанија која обезбедувала услуги за закажување во конзулатот во Битола и во бугарската амбасада во Скопје.

„На овој начин, правно лице со нејасна сопственост доби можност да ги дознае, систематизира и архивира личните податоци на десетици илјади лица кои низ годините аплицирале за бугарско државјанство и секаков друг вид на конзуларни услуги. Телефонскиот број на кол центарот е импулсен, а цената на повиците не е објавена и има нејасна вредност за корисникот и за вработените во генералниот конзулат во Битола“. Договорот со компанијата е раскинат, увери бугарскиот премиер.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons