Пожар во Калифорнија, уништени повеќе од 130 згради, 13. најголем во историјата на државата
Повеќе од 130 објекти се уништени во пожар во Калифорнија, поради што е наредена итна евакуација во четири окрузи, соопштија денеска властите.
Пожарот избувна во петокот вечерта и уништи повеќе од 239.000 хектари, приближно колку Сан Диего, што го прави 13-ти најголем шумски пожар во историјата на државата, јави Си-Ен-Ен.
MИА