Репрезентативец на Холандија потпиша за Вардар
Поранешниот македнски и европски ракометен шампион се засили со репрезентативецот на Холандија, Ларс Коиј.
Коиј потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“, каде што доаѓа од редовите на Хем Вестфален од Германија.
„Возбуден сум поради мојот трансфер во Вардар. Навистина сум среќен поради можноста и предизвиците кои ни доаѓаат. Сакам да ги покажам моите квалитети и да научам нови работи за да растам како играч“, кажа Коиј.