Поминаа повеќе од 48 часа, Вања ја нема: МВР трага деноноќно по неа
Поминаа повеќе од 48 часа, а 14-годишната Вања Ѓорчевска се уште ја нема. Потрагата по ученичката Вања која исчезна во понеделникот одејќи на училиште во центарот на Скопје, се уште трае и мобилизирани се сите ресурси.
Од МВР за „А1он“ велат дека потрагата е интензивна и трае деноноќно, а мобилизирани се сите ресурси. Полицијата апелира да не се шират дезинформации.
Од вчера официјално и фотографија на малолетната Вања е објавена и на сајтот на МВР во делот исчезнати лица.
„ ЃОРЧЕВСКА ВАЊА татко Александар мајка Зорица род.27.02.2009 год. во Скопје каде и живее.
Исчезната на 27.11.2023 год. во утринските часови на пат кон ООУ „Песталоци“ во општина Центар-Скопје.
Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса темно кафеава, очи кафеави, носи протези на горни и долни заби,има бемка на десна страна од лицето. Облечена во плав блузон, црна јакна, црни фармерки со странични џебови, бели патики со кафеави линии.Со себе носи школски ранец и мобилен телефон марка Ајфон.“ стои во објавата на МВР.
Јавноста е вознемирена од настанот бидејќи Вања исчезна во Дебар Маало кое е едно од најфрекфрентните делови на Скопје и и се губи трагата среде бел ден.
Информацијата за нејзиното исчезнување ја пренесоа и регионалните медиуми, а информациите за нејзиниот физички изглед кои можат да допринесат за нејзино препознавање, се споделуваат и на македонски и на англиски јазик на социјалните мрежи.
Доколку имате било каква информација јавете се во најблиската полициска станица, а препораките од веб страната на МВР за помош во случаи на исчезнати лица може да ги прочитате на следниот линк.