Ова се најдобрите есенски намирници за слабеење
Есента е вистинско време да го зајакнете имунитетот, но и да ги намалите килограмите.
Ви претставуваме листа од есенски намирници што се одлични за вашето здравје, а притоа ќе ви помогнат и да се ослободите од вишокот килограми:
Јаболко: Се вели дека едно јаболко на ден ги задржува мастите далеку од вашето тело. Јаболкото е совршена ужинка во секое време од денот. Тоа содржи пектин, растителен желатин кој е полн со влакна.
Киви: Кивито има само 46 калории, но содржи одлична комбинација на растителни влакна и вода која ќе ви обезбеди чувство на ситост. Ова овошје е важен извор на калиум кој го регулира крвниот притисок, и е богато со фолна киселина и синтеза на протеини, како и антиоксиданси.
Шипки: Исто како и брусницата, калинките и малините, и шипките имаат малку калории и се полни со витамин Ц. Кулинарските експерти препорачуваат да ги јадете шипките во комбинација со сезонска салата.
Мандарини: Мандарините се одлични разложувачи на масти, а имаат многу малку калории. Тие се здрава ужинка, а може да ги јадете во комбинација на бадеми, мед и урми. Лесно се лупат, а содржат огромно количество на витамин Ц.
Урми: Урмите се здрава и нискокалорична храна и идеална замена за слатки. Тие содржат малку масти и протеини и големо количество на железо и диетални влакна кои се добар извор на антиоксиданси.
Дуњи: Дуњите содржат витамин Ц, диетални влакна, како и пектин и се одличен извор на антиоксиданси. Јадете испечени или свежи дуњи во комбинација со мед и ореви.
Тиква: Тиквата содржи голема количина на влакна, калиум и витамин А. Јадете печена тиква или пак направете супа, пита или пире од ова вкусно есенско овошје. Семките од тиква се одлична ужинка, бидејќи содржат малку масти.
Карфиол: Карфиол може да го комзумирате во големи количини, бидејќи содржи само 40 калории. Карфиолот е џранлив и содржи големи количини на влакна и е добар извор на калиум.
Брокулата: Брокулата е идеална храна бидејќи не содржи масти, а содржи многу калциум и витамини А и Ц. Предноста на овој зеленчук е фактот дека може да го комбинирате во секаков вид на храна и да го јадете свеж или обарен.
Цимет: Иако цимет можеме да јадеме преку цела година, но некако одговара на овој период од годината. Циметот е полн со магнезиум, но и со влакна калциум и железо. Го потиснува гладот, го намалува шеќерот во крвта и го контролира нивото на инсулин во метаболизмот.
Ванила: Ванилата е одлична замена за шеќер. Овој зачин е нискокалоричен засладувач и може да го искомбинирате со секаков вид на овошје и слатки.
Корен од ѓумбир: Ѓумбирот содржи калиум, бакар, магнезиум и манган, но и витамин Ц и Б6, како и помали количини на пантотенска киселина и ниацин. Исто така една од состојките во ѓумбирот е жолтиот пигмент curcumin кој останува во дигестивниот тракт и штити од полипи и рак на дебелото црево.
Костен: Костени содржат многу влакна и малку масти во споредба со другите јаткасти плодови. Тие имаат високо ниво на скроб и помагаат во намалување на холестеролот, се бори против ракот и помагаат во контрола на крвниот притисок.