Актуелно

„Призма“: Мaтна зделка ги остава гладни пациентите на Клинички

Дека храната е количински недоволна, еднолична и невкусна, за БИРН сведочат повеќе пациенти. Меѓу нив и 40-годишен скопјанец, кој лани лежел на Инфективната клиника. Поплаките на пациентите и на здравствените работници, како што се вели во истражувањето, се потврдуваат и во неколку извештаи на Институтот за јавно здравје, каде што истакнуваат дека болничката исхрана не одговара на стручните препораки

Секој ден во кујната што работи во кругот на Клинички се приготвуваат повеќе од три илјади оброци за пациентите што лежат на клиниките и за дежурниот персонал. Голем дел од нив, како што им се носат на пациентите, се враќаат назад. Затоа што храната, за која дневно се трошат по најмалку 5 илјади евра, или годишно околу 2 милиони евра, е скудна, невкусна и под сите стандарди за пристоен болнички оброк, пишува порталот „Призма“.

Истражувачката сторија на „Призма“ почнува со видео во кое се гледа како се транспортира храната од кујната во Клиничкиот центар во Скопје до пациентите што лежат на клиниките и за дежурниот персонал.

„Кеса со десетина спакувани лепчиња е оставена на дотраениот бетонски влез пред кујната во Клиничкиот центар. До неа е паркиран валкан пикап, во кој, еден од вработените внесува пластични гајби, го треска лебот до нив, и со полураспаднатото возило тргнува да го разнесува ручекот по скопските клиники“, 

пренесува „Призма“.

Како што се наведува во истражувањето, сето тоа е поради еден неконкурентен договор стар две децении, кој никој не сака да го раскине, ниту Заеднички служби, ниту фирмата „Хацат“, која во 2004 година ја доби зделката за снабдување со храна.

Според текстот објавен на „Призма“, службите ѝ должат на фирмата над 4 милиони евра, а „Хацат“, пак, на неговиот газда, поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Делче Ицков, со години му носи профит, ама, како што вели самиот, и многу кредити и проблеми.

Дека храната е количински недоволна, еднолична и невкусна, за БИРН сведочат повеќе пациенти. Меѓу нив и 40-годишен скопјанец, кој лани лежел на Инфективната клиника.

„Како што ја носеа, така ја собираа, неотпакувана. Беше спакувана во садови од стиропор, затворени со најлон. Ја гледав болничарката како ги собира кога ќе завршеше времето за ручек. Најголемиот дел беа неотпакувани. За две недели во болница, двапати го отворив оброкот и го оставив. Потоа веќе не го отворав ни јас“, 

пренесува БИРН.

Поплаките на пациентите и на здравствените работници, како што се вели во истражувањето, се потврдуваат и во неколку извештаи на Институтот за јавно здравје, каде што истакнуваат дека болничката исхрана не одговара на стручните препораки.

Внесот на калории е под минимумот, има неправилен сооднос на хранливите материи и вишок на прости шеќери. Недостигаат белковини, има дефицит на витамин ц, вишок на масти…

Истражувањето на БИРН посочува дека за контрола на храната е задолжена установата „Заеднички служби“, како правен наследник на Клиничкиот центар, кој го склучи договорот со „Хацат“. Директорот на Заеднички служби, Мирсад Ибраими одбил да разговара со БИРН за проблемот со храната.

Во писмен одговор од установата, како што пренесува „Призма“, велат дека нивните служби редовно ги контролираат оброците, „кујната работи без застој и без престан се испорачуваат оброци“.

Текстот во врска со истражувањето објавено на „Призма“ за храната која им се дава на пациентите на Клинички, за профитите на фирмата за снабдување со храна, како и за долговите за оброците можете да го прочитате ТУКА.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons