Македонија

КАРПА НАД АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС, СЕ ЗАКАНУВА ДА НАПРАВИ ХАВАРИЈА: ЦУК предупредува,има многу пријави од граѓани

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) беше испратено известување за опасност по учесници на сообраќај, од карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес, а по првиот тунел, до Јавното Претпријатие (ЈП) за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и до Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта.

” За истата опасна карпа, на бројот за итни случаи 112 во ЦУК, има повеќе јавувања – пријави од граѓани.

Ситуацијата со опасната карпа и можен одрон на дополнителен материјал од високиот масив покрај автопатот, при нејзино паѓање, наложува санација во најбрз можен рок и отстранување на наведената карпа, како превенција да не дојди до загрозување на човечки живот и на уништување на материјални добра.

Конкретно, известувањето од ЦУК, до јавните претпријатија, е ургенција за преземање на мерки и активности во надлежност на јавните претпријатија за санација – отстранување на карпа што виси над автопатот Скопје-Велес, на делот после патарината пред Велес, а после првиот тунел. Имено, повеќе од 18 денови карпата е одвоена од основниот масив високо над патот и паѓаат парчиња од карпа и камења на автопатот со што директно се загрозени учесниците во сообраќајот, односно постои директна опасност по животот на луѓето и материјални добра на учесниците на сообраќајот,” велат од ЦУК.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons