Актуелно

Анкета: Криминалот и корупцијата, но и сиромаштијата клучни проблеми за граѓаните 

Нефункционирањето на правниот систем, односно криминалот и корупцијата според 26,7% од испитаниците е најголем проблем во државата, додека збирот на одговори покажува дека приближно половина или 43,6% од испитаниците сметаат дека  економијата и намалената стопанска активност се клучен проблем во истражувањето на јавното мислење на МКД.мк.

Најголем дел или 79,8% од испитаниците сметаат дека корупцијата во земјата расте, односно дека е повисока во однос на минатата година.

Секој втор граѓанин или 55,5%  сметаат дека Македонија оди во негативна насока.

Проектот за изградба на коридорите 8 и 10 го поддржуваат 59,4% од испитаниците. Само 12,9% сметаат дека проектот кој треба да го гради конзорциумот Бехтел и Енка не е коруптивен, додека нешто повеќе од една третина од испитаниците сметаат дека е подобро овој проект да не се гради под вакви услови. 

Нешто помалку од една третина од испитаниците 30,2% сметаат дека Македонија ќе стане членка на ЕУ, додека половина или 49,9% сметаат дека Македонија нема да стане членка на ЕУ. 

За тоа која политичка партија има капацитет да креира и реализира најдобра економска програма за Македонија, 13,5% од испитаниците сметаат дека тоа е ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ вакви очекувања има кај 8,3 отсто од испитаниците, а од ДУИ  5,1 %.

Најголем дел или приближно две третини односно над 60% од испитаниците сметаат дека ниту една од постојните партии нема капацитет да реализира добра економска програма.

Анкетата е спроведена од 5 до 16 јуни со употреба на телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons