МакедонијаХроника

Почина мигрант откако друг мигрант го избодел во кумановска Речица 

Мигрант со нож усмрти друг мигрант во Куманово. 

Инцидентот се случил утрово по што кратко потоа мигрантот починал. Според полицијата, се работи за тепачка помеѓу повеќе лица, мигранти, а еден од нив го прободел другиот, по што тој починал. 

„Денеска во 06.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во атар на с.Речица, кумановско, било пронајдено лице мигрант со повреди од остар предмет. Лицето било пренесено во Општа болница Куманово, каде во 07.45 часот  починал. Полициски службеници на СВР Куманово извршиле увид и по преземените мерки и извршени разговори било констатирано дека настанала физичка пресметка помеѓу повеќе лица мигранти, при што починатиот мигрант бил прободен со остар предмет“, велат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Инциденти во групите мигранти имало и претходно. Неодамна во српскиот град Сомбор, мигранти убија мигрант. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons