Актуелно

Судската администрација најавува „бел“ штрајк 

Вработените во судската администрација си го барат неисплатениот додаток на платата за април, во спротивно најавуваат „бел штрајк“, односно ќе одат на работа ама нема да ги извршуваат своите секојднвени задолженија. 

Претставници на нивните сидникати имале средба со претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиевски, кој истовремено е и прв човек на Судскиот буџетски совет, кој треба да ги одобри парите за нивните додатоци. Георгиевски побарал од нив трпение до септември.

Разликите во плата од судија до службеник или стручен соработник се огромни и на овој начин не можат повеќе да работат заедно со нив со оглед на тоа дека само ним им се покачува платата, а за судската служба нема ни за додатоци на плата, велат синдикалците и бараат додатоците за плата да се исплати уште во мај.

Синдикалците сега ќе бараат средби со претставници на министерствата за правда и за финансии.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons