Актуелно

Приватните автобуски превозници утре излегуваат на протест

„Дел од приватните превозници најавуваат протест за утре од девет часот пред седиштето на ЈСП во Автокоманда. На протестот ќе се бара средба со директорот на ЈСП, а се подготвуваат и барања за прием до Град Скопје и до Владата. Решавањето на проблемот се одолговлекува, а превозниците се без работа и се изложени на трошоци”, вели Исен Халили од „Макекспрес”.

И Милоград Димитриевски, еден од сопствениците на „Макеспрес” потврди дека таков состанок е одржан. Тој вели дека не бил присутен на состанокот со „Слобода превоз“, но има информации во јавноста дека дека 5.000 денари биле исплатени на „Слобода превоз”, но дека „Макекспрес“ нема добиено ниту денар од 2 ноември.

Град Скопје ги раскина договорите со приватните превозници кои пред Нова година блокираа повече сообраќајници во центарот на Скопје со барање да им бидат исплатени парите, што пак градоначалничката Данела Арсовска негира дека Градот им е должник.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons