МакедонијаНајново

9.000 евра дневно се трошат на гориво за трите ер-трактори при гасењето на пожарите 

Околу 9.000 евра дневно од државната каса се трошат на гориво за трите ер-трактори при гасењето на огнените стихии во текот на ова лето. Во оваа сума сепак не влегуваат трошоците за плата на вработените, сервисирање на возилата, како ниту горивото кое го потрошиле хеликоптерите од Србија, Турција, Словенија, Романија и Кипар кои помагаа во гасењето на огнот. Според податоците пак на дирекцијата за спасување и заштита, во текот јули и август, кога во земјава имавме голем број на пожарина отворено, трите ер-трактори, од кои со два управуваат пилотите вратени од пензија, во гасењето на пожарите, интервенирале по шест часа секојдневно.

“Секој од Ер-тракторите интервенира двапати по три часа дневно. Во половина од случаите интервенирале два ер-трактори, а во другата половина сите три ер-трактори Во текот на оваа сезона на пожари, ер-тракторите се речиси секојдневно на терен. Ер-тракторите трошат од 300 до 350 литри гориво на час и за шест часа тие можат да испуштат околу 20 до 30 тони вода”, велат од Дирекција за заштита и спасување.

Од Национални шуми пак досега не располагаат со информации за тоа колку вкупно хектари шума е изгорена во текот актуелната сезона на пожари, а според податоците на ЦУК, покрај тоа што изминатите два месеци се регистрирани голем број пожари – вкупно 730 до 19-ти август од кои 105 шумски и вкупно 765 пожари од кои 157 шумски шумски во јули, голем број на огнени стихии годинава биле забележани и во текот на зимскиот и пролетниот период.

„Во февруари имало вкупно 538 пожари на отворен простор, од кои 49 биле шумски. Во март се регистрирани 171 пожар од повисоки размери од кои 14 шумски. Во април имало вкупно 289 пожари на отворен простор, а вкупно 57 шумски пожари„ велат од Центар за управување со кризи.

Вкупната штета од пожарите годинава допрва ќе се проценува, а директорот на ЦУК Стојанче Ангелов неодамна во интервју за РСЕ рече дека таа ќе биде поголема отколку да се купат нови ер-трактори кои дополнително ќе можат да ни помагаат во гасењето на огнените стихии.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons