38 СТЕПЕНИ: Во кој македонски град денеска беше најтопло?
Најтопол град во Македонија денеска беше Демир Капија каде се измерени 38 степени.
По него следуваат и Струмица и Гевгелија со 37 степени, и Скопје-Петровец 36 степени. Понатаму, 30 степени се измерени во Претор, 31 во Берово и Крива Паланка, 32 степени во Охрид, 33 степени во Тетово и Битола, 35 степени во Штип.
Задутре ќе има промена на времето. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на ноќта кон вторник и во вторник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интезивен пороен дожд, силен ветер и град.