3 најљубоморни хороскопски знаци
Секој хороскопски знак е автентичен и има специфични карактеристики. Астролозите истакнуваат дека меѓу хороскопските знаци можеме да издвоиме најоптимистични, креативни, знаци со одличен хумор, песимистични и многу други… еве кои хороскопски знаци се најљубоморни – издвојуваме 3 од нив:
Лав
Лавовите се неверојатно горди: ако се посомневаат во својот партнер, нема да се помират со ситуацијата и како стојат работите. На лавовите им е важно да почувствуваат и да знаат дека се единствени за својот партнер. Иако имаат голема самодоверба, можат да се посомневаат и неосновано да го обвинат партнерот. Склони се кон натпреварување во пријателствата и на полето на кариерата.
Шкорпија
Второ место на астро ранг листата најљубоморни хороскопски знаци го заземаат шкорпиите. Дури и најнаивниот комплимент упатен на друг човек шкорпијата може да го смета за изневерување. Шкорпијата е моногамна личност и бара потполно иста посветеност од партнерот. Категорично не и се допаѓа кога избраникот ќе одличи да помине малку слободно време, без неа. Често пати бира успешен и харизматичен партнер, но може да бида љубоморна и на неговите достигнувања, службени патувања и ретко на присуството во туѓа близина. Од друга страна, огнената природа на шкорпиите го привлекува спротивниот пол затоа што е многу бистра, стравствена и емотивна.
Риби
Се чини дека рибите немаат таков огнен темперамент како лавовите и шкорпиите, па од каде тогаш произлегува нивната љубомора? Всушност, рибите се многу емотивни и чувствителни, исто така и непредвидливи, па љубомората може да произлезе од многу – а понекогаш и од неочекувани – причини. Расположението на рибите брзо се менува, склони да хиперболизираат и да бидат сомничави. Ситуацијата ја влошува фактот дека рибите не се посебно сигурни во себе, па секое отстапување на партнерот од вообичаеното однесување може да се толкува како неверство. Но внимание, нежноста и убавите зборови лесно ќе и го вратат доброто расположение.