МакедонијаНајново

25-годишно момче починало од сепса по дренажа на заб – вонреден инспекциски надзор во штипската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат започнал вонреден инспекциски надзор во штипската болница откако беше објавен случајот со 25 годишното момече од Берово кое починало од сепса по дренирање на заб.

Директорката на СДЗИ Ирина Бухова за Сител го потврди случајот и вели дека екипи на инспекторатот веќе започнале со надзор во болницата но и во сите здравствени институции во кои било третирано момчето..

ДСЗИ иницира вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница Штип за пациентот ЈД 25 години од Берово.

Од министерството за здравство велат дека веднаш бил инициран вонреден надзор. Директорот на Клиничката болница Штип Ален Ѓорѓиев побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентот. По завршениот надзор ќе биле соопштени и детали за случајот.

Случајот за смртта на 25 годишното момче се прошири по социјалните мрежи откако негови блиски објавија сведоштво во кое велат дека поради лекарска грешка младиот беровчанец добил сепса и неговиот живот згаснал.

Само во нашата држава ,само со нашето здравство, само со нашите „професионални“ доктори во штипската болница може да се случи ова: Со 20 годишен сташ да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку. Па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома со што предизвика на Ванчо животот да згасне на само 25 години.

Прашуваат дали некој конечно ќе одговара за сите случаи во штипската болница.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons