10 дена на море прават чудо за телото и душата
Летувањето на море прави да ослабете, да го намалите целулитот, да добиете еден куп нови позитивни идеи, да се наполните со витамин Д…
Морскиот воздух и вода се навистина добри како за вашето тело, така и за вашата душа.
Морето ги содржи сите елементи важни за нашиот здрав живот – натриум, магнезиум, калциум, калиум, силициум…
Морската вода длабоко продира во кожата и со тоа овозможува позитивно делување на минералите и сите останати елементи врз нашето тело.
Алгите исто така се сметаат за извор на здравје и убавина. Го поттикнуваат обновувањето на клетките, го подобруваат изгледот на кожата, го стимулираат метаболизмот, го зајакнуваат имунитетот, спречуваат воспаленија и го топат целулитот.
Зошто е добро да летувате покрај море, освен уживањето?
Морето благотворно делува и на астмата и алергиите
Морската сол има антисептички и антихистамински својства заради што е поволна за лицата со астма и алергии. Чистиот морски воздух заситен со негативни јони поволно влијае на дишните патишта кај луѓето кои боледуваат од астма.
Со сончање го снабдуваме телото со витамин Д
Сончањето не ни носи само убав бронзен тен, туку и доволни количини витамин Д. За сончање одбирајте ги раните утрински или доцните попладневни часови.
Брановите ослободуваат од стрес
Самиот звук има терапевтско дејство и тоа веќе сигурно ви е добро познато.
Морето е идеално за спорт
Летувањето покрај море не мора да биде само излежување. Напротив, на плажа може да испробате повеќе спортови и да ги засакате активностите кои претходно не сте ни помислувале да ги правите.
Морскиот воздух е богат со негативни јони
Токму тие негативни јони го зајакнуваат имунитетот, ја подобруваат концентрацијата, ја намалуваат несоницата, депресијата и главоболката.
Морската вода ги ублажува болките од артритис и реума
Ако патите од било какви болки во мускулите и коските, пливањето во солена вода е најдобриот лек.
Морската вода исто така го чисти организмот
Самото пливање во солена вода ги разбива наталожените материи во организмот и го поттикнува нивното лачење.