Џудо клубот Дрим освои два медали на турнирот во Чешка
Изминатиот викенд, на 10 и 11 мај 2025 година, Џудо клубот Дрим Струга учествуваше на престижниот турнир GRAND PRIX Nový Bydžov 2025 во Чешка.
На овој турнир настапија вкупно 1.017 натпреварувачи од 11 земји и 111 клубови.
Џудо клубот Дрим беше претставен од седум натпреварувачи, кои настапоија во исклучително силна конкуренција и успеаја да освојат два бронзени медали.
Катерина Клењоска беше третопласирана во категоријата -44 кг., а на третото место во категоријата -48 кг. се надеј Елеонора Јосифоска.
Како што информираат од клубот, одлични борби, голема решителност и желба за победа покажаа и Мила Стојмиловска, Давид Спироски, Доријан Петкоски, Јован Наумоски и Даријан Ночески, кои овојпат не успеаја да се искачат на пиедесталот, но ја заслужуваат пофалбата за нивниот труд и борбеност.
– Особена благодарност упатуваме до македонската заедница во Чешка, која несебично го пречека нашиот тим и со голема енергија ги бодреше нашите натпреварувачи од трибините – стои во објавата на ЏК Дрим.