МакедонијаНајново

Ќе има учебници за сите во септември, уверува МОН 

Сите ученици ќе имаат учебници на почетокот на новата учебна година и тоа по сите предмети согласно наставните планови во соодветните одделенија, информираат од МОН.

„Втора година по ред печатењето и испораката на учебниците се реализира навремено, а секое училиште ќе го добие тиражот кој го има побарано преку посебната електронска апликација на Министерството за образование и наука.Обезбедени се и учебници по странските јазици, за прв пат после седум години во кои недостигаа, а наставниците и учениците самостојно се снаоѓаа со литература“, стои во соопштението.

„Нови учебници со унапредена содржина, се додава, има и за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиско образование, каде започнува примената на нови наставни програми. Над 100 нови наслови ќе бидат достапни и за учениците од средните стручни училишта“, потенцираат од МОН.

Сите надлежни институции, органи и тела кои учествуваат во постапката за обезбедување учебници, доследно и навремено ги исполниле своите должности, стои во соопштението.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

Show Buttons
Hide Buttons