Јулијана Ѓорѓиевска стана „Мис Европа“ и победнички го развеа македонското знаме во Турција!
Јулијана Ѓорѓиевска од Крива Паланка беше нашата претставничка на изборот за „Мис Еуроазија“, што се одржа во Анталија, Турција. Таа на овој избор се закити со титулата „Кралица на Европа“, а претходно ја има претставувано Македонија и на изборот за „Мис Универзум.
Нејзината убавина е нешто што не можеме да го игнорираме, а она што ја прави уште попривлечна е и нејзината љубов кон Македонија. Таа гордо го развеа знамето, откако ја доби наградата и покажа какви убавини крие нашата земја.
Му посакуваме уште многу успеси на ова наше македонско девојче.